„Нефтогас“ го обвини „Гаспром“ за контролирање на протокот на гас во Словачка

Повикувајќи се на претставник од Братислава, директорот на украинската „Нефтогас“, Андреј Коболев, изјави дека руската компанија „Гаспром“ го контролира правецот на движење на гасот преку украинско-словачката граница, пренесува РИА „Новости“.

„После долги разговори со словачката страна, добивме неофицијален одговор дека таа делница помеѓу украинско-словачката граница и гасните мерни станици на словачката страна виртуелно ги контролира 'Гаспром експорт', и 'Гаспром експорт' одлучува во кој правец да се пумпа гасот: кон Европа или кон Украина“, изјави Коболев.

„Нефтогас“ неделава започна со повратен увоз на гасот од Европа преку Полска, веднаш откако Русија ги укина сите попусти за гасот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња