Турција предлага „Јужен тек“ да минува преку нејзината територија

Турција сѐ поактивно се обидува да ги искористи во свој интерес случувањата во Украина, одосно конфликтот меѓу Русија и ЕУ. Државата предложи да се промени маршрутата на гасоводот „Јужен тек“ и тој да поминува преку нејзината територија.

Ова прашање може да се појави идната недела на преговорите меѓу шефот на министерството за енергетика на Турција, Тајнер Јулдиз со заменикот претседател на „Гаспром“, Александар Медведев.

За Анкара ваквото решение може да ги гарантира испораките на гас, како и да игра улога на посредник. „Гаспром“ не го потврдува фактот дека ќе се одржат такви преговори, но според зборовите на извори за „Комерсант“, во компанијата изјавуваат дека промена на маршрутата на „Јужен тек“ не е многу веројатна варијанта.

Алексеј Гривач од ФНЕБ кажува дека снабдувањето на Турција преку „Јужен тек“ е можно и преку старата маршрута, доколку земјата биде припоена преку Трансбалканскиот гасовод. Според мислењето на експертот, изјавите на Турција може да послужат како обид да се изврши притисок во преговорите врз другите испорачувачи на гас - Азербејџан и Иран. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.