Рогозин: колонизацијата на Месечината и Марс се стратешки задачи на Русија во вселената

Русија ги одреди темелите на концепцијата за истражување на вселената. Клучните задачи се пошироко присуство на ниските орбити на Земјата, колонизација на Месечината, почеток на истражување на Марс и другите објекти од Сончевиот систем. Ова гледиште го изнесе потпретседателот на владата на РФ, Дмитриј Рогозин.

Според неговите зборови, најкраткорочните цели на руската вселенска индустрија треба да бидат создавањето на пазар за вселенски услуги и создавање на напредни основи за проучување и експлоатирање на ресурси во вселената.

Клучна улога во тоа би можел да игра националниот проект „Проучување на длабоката вселена“, истакна Рогозин.

„Клучни области во програмата ќе бидат програмите за создавање на нуклеарни генератори и технологии за плазма и конверзија на енергија, како и развој на биотехнологијата, роботиката и нови материјали“, објасни тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња