Поранешниот американски конгресмен, Денис Кусинич, изјави дека заострувањето на односите во Украина и влошувањето на руско-американските односи, е предизвикано од акциите на НАТО, кој се обидува да го оправда своето постоење, пренесува РИА „Новости“.
„Не сметам дека претседателот Обама сака воени судири со Русија. Сметам дека НАТО се труди да го оправда своето постоење. Вие знаете дека НАТО последен пат дејствуваше во Либија, каде дојде до целосна катастрофа“, изјави Кусинич.
Според неговите зборови, Алијансата е северноатланстска, а Северниот Атлантик не е граница на Русија или Кина.
„И еве до што доаѓање: НАТО е анахромизам. И затоа оваа организација се обидува да покаже дека е корисна, мешајќи се во конфликтот. Да не е така, тие не би ја обучувале војската на 'Десен сектор'. А идејата дека Киев, Вашингтон и НАТО можат да го 'скротат Десен Сектор' е бајка“, истакна поранешниот конгресмен.
Според неговото мислење, Алијансата предизвикува зголемување на трошоците на земјите членки за одбрана, што потсетува на рекетирање.
„Тоа е застрашувачки анахромизам. Оваа организација навистина треба да се расформира. Таа стана организација како што е мафијата во САД во 1930-те“, изјави Кусинич.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче