Западни медиуми: Русија ќе реагира само на построги санкции

Русија ќе реагира само на построги санкции од страна на Западот во ситуацијата околу Украина, се кажува во статија на The Washington Post.

Русија ќе реагира само на построги санкции од страна на Западот во ситуацијата околу Украина, се кажува во статија на The Washington Post. Според мислењето на весникот, рускиот претседател не е импресиониран од реакцијата на западните држави после приклучувањето на Крим во составот на Русија. Како што смета весникот, предупредувањата на претседателот на САД биле „меки“, а санкциите од стран ана САД и ЕУ против Русија - „ограничени“.

Сега поради случувањата во Харков, Луганск и Донецк западните држави треба да реагираат брзо, се кажува во забелешката. Се забележува дека Вашингтон и Брисел се способни да се спротивстават на Москва во кратко време, поддржувајќи ја Украина преку враќање на редот во државата.

Следниот чекор на Западот треба да бидат посодржајни санкции против Русија, смета весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња