Влегувањето на брод на воената морнарица на САД во водите на Црното море може да биде повод за разместување на борбени авиони на Крим, вклучувајќи ги бомбардерите Ту-22М3, како и да се забрза изградбата на нови подморници и фрегати, јавува РИА „Новости“, повикувајќи се на Игор Коротченко, главен уредник во списанието „Национална одбрана“.
„Од практична гледна точка, тоа за Русија е повод да ја засили својата воено-морска инфраструктура во Црното море со додатно поставување на крајбрежни противбродски мобилни системи „Бастион“, кои ја користат противбродската ракета „Јахонт“, изјави Коротченко.
Според неговото мислење, на кримските воени аеродроми треба да се разместат тактичките бомбардери Су-35 и бомбардерите Ту-22М3.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче