Федералната служба за безбедност на Русија ја неутрализираше дејноста на Доку Умаров, водач на терористичката организација „Имарат Кавказ“, и ги уапси лицата кои се вмешани во терористичките напади во Волгоград и Пјатигорск, соопшти во вторникот директорот на ФСБ, Александар Бортников.
„Во оперативната акција неутрализирана е дејноста на Умаров, водач на терористичката организација 'Имарат Кавказ'“, изјави Бортников за време на седницата на Националниот антитерористички комитет.
Претходно претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека Умаров е ликвидиран.
Освен тоа, според зборовите на Бортников, во првиот квартал во 2014 извршени се 33 антитерористички операции.
„Меѓу поважните успеси е и ликвидацијата на 36 водачи и 65 активни членови на банди“, изјави директорот на ФСБ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче