38% од Русите би сакале да ја видат Русија со уникатен развоен правец, сведочат податоците од анкетата на Левада-центар.
Учесниците во истражувањето одговориле на прашањето: „Каков вид на држава би сакале да биде Русија во иднината?“. На ова прашање 28% одговориле дека сакаат да ја видат Русија како држава слична со европските држави, 24% изјавиле дека би сакале Русија да биде социјалистичка држава, а 11% не дале одговор.
31% од Русите, под „уникатен развоен правец“ подразбираат економски развој на државата со грижа за луѓето, а не за профитот и интересите на големиот бизнис. 23% изјавиле дека системите на вредности на Русија и Западот се некомпатибилни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче