Меркел не исклучува воведување нови економски санкции против Русија

Ангела Меркел не исклучува воведување на нови економски санкции против Русија, пренесува Ројтерс.

Ангела Меркел не исклучува воведување на нови економски санкции против Русија, пренесува Ројтерс.

Според нејзините зборови, санкциите од страна на ЕУ ќе бидат разгледани само доколку Русија во иднина ја дестабилизира ситуацијата и територијалната целосност на Украина.

„Ако територијалната целосност на Украина и во иднина биде нарушена, тогаш ние ќе бидеме принудени да воведеме економски санкции“, забележа Меркел.

Меркел призна дека европските партнери имаат различни приоди и мислења за состојбата во Украина. Сепак, според нејзините зборови, државите на ЕУ се подготвени за заеднички и усогласени акции кон Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.