Европската унија, во случај на примена на санкции против Русија, може да изгуби трилион евра, изјави советникот на рускиот претседател, Сергеј Глазјев.
„Ако Американците се потрудат да го реализираат моделот кој се применува кон Иран, а тоа е практично исклучување на земјата од светскиот финансиски систем во сегментот кој се однесува на користењето на доларот и еврото, во тој случај, според нашите пресметки, Европа може да изгуби трилион евра“, изјави Глазјев во интервју за телевизискиот канал RT.
Глазјев смета дека балтичките земји, во тој случај, ќе изгубат „сума еднаква на нивните БДП“.
„За Европа санкциите се економско самоубиство“, изјави советникот на шефот на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче