Заменикот на претседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин, изјави дека до 2020 година Руската армија ќе стане една од најдобрите во светот. Ова го пренесува РИА „Новости“.
„Нашата армија и Воено-морската флота до 2020 година ќе бидат едни од најдобрите во однос на техничката снабденост и модернизираност“, изјави вицепремиерот за време на средбата со студентите во Новосибирск.
Рогозин забележа дека на програмата за вооружување до 2020 година ќе се потрошат 20 трилиони рубљи, а уделот на современа техника во Армијата ќе порасне до 70%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче