Русија го отповика својот претставник во НАТО

Министерството за одбрана на Русија реши да го повика во Москва на консултации главниот воен претставник на Русија во НАТО, пренесува РИА „Новости“.

Министерството за одбрана на Русија реши да го повика во Москва на консултации главниот воен претставник на Русија во НАТО, пренесува РИА „Новости“.

Изјавата за отповикувањето ја даде заменикот министер за одбрана, Анатолиј Антонов.

„Политиката на намерно влошување на ситуацијата не е наш избор. Поради тоа, ние не гледаме можност за продолжување на воената соработка со НАТО како и порано. Донесовме решение да го отповикаме во Москва за понатамошни консултации Главниот воен претставник на Русија во НАТО, генерал-полковник Евневич“, подвлече Антонов.

Освен тоа, тој забележа дека решението на државите на НАТО за прекин на воената и цивилната соработка со Русија ќе ги сведе на нула резултатите од долгогодишната работа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.