Рускиот систем за вселенски мониторинг започна да ја надгледува ситуацијата на Крим. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на шефот на Министерството за вонредни состојби на Русија, Владимир Пучков.
„Системот веќе работи во интересите на жителите на Крим. Ние добиваме конкретна информација за состојбата на техногената сфера, Црното море“, изјави Пучков за време на средбата со соработниците од министерството во Симферопол.
Според зборовите на министерот, МВС ќе им пренесува на заинтересираните структури информација, добиена со помош на системите за вселенски мониторинг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче