Русија почна да ги разгледува варијантите за приклучување на Крим кон енергетскиот систем на Русија преку Керченскиот мореуз. Зависноста на кримските територии од снабдувањето со енергија и вода од Украина ќе биде регулирана со меѓународни преговори. Ова го изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, а пренесува „Газета.ру“.
„Постои уште еден инфраструктурен проблем - зависноста на Крим од снабдувањето со енергија и вода од Укриана... Треба да избереме оптимален начин за снабдување на полуостровот“, изјави Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.