Кримскиот референдум е почетокот на проблемите на Русија, изјави американскиот економист и политички аналитичар, Пол Крејг Робертс во интервју за Правда.ру.
Робертс смета дека „градовите во источна Украина со граѓани кои зборуваат руски веројатно ќе бидат изложени на притисок од страна на марионетската влада во Киев под контрола на Вашингтон, а петтата колона на Америка во Русија, т.е. невладините организации кои се финансираат од САД, ќе продолжат да делуваат во Русија и ќе протестираат против актуелната влада“.
Според зборовите на Робертс, „дури и ако источна Украина се одвои како и Крим, САД сепак ќе ги разместат своите ракетни бази во западна Украина. Со други зборови, и покрај губењето на Крим, а после извесно време, веројатно и губењето на источна Украина, Вашингтон, сепак, ќе има стратешка предност во однос на Русија“.
Американскиот експерт додаде дека идеологијата на Вашингтон се состои во тоа дека САД е единствена и незаменлива земја која поседува поголемо право од другите земји. „Ете зошто Вашингтон бомбардира и убива луѓе во осум земји. Таа идеологија се нарекува неоконзервативизам“, но подобро име би било 'неонацизам'“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче