Песков: Русија ќе најде нови партнери во случај САД и ЕУ да воведат санкции

Русија ќе најде нови партнери во случај САД и ЕУ да воведат економски санкции, изјави портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

Русија ќе најде нови партнери во случај САД и ЕУ да воведат економски санкции, изјави портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

„Ако нам еден економски партнер од една страна на светот ни воведе санкции, тогаш ние ќе побараме партнери од другиот дел на светот. Светот не е униполарен, ние ќе се сконцентрираме на други економски партнери“, изјави Песков.

Според неговите зборови, можните економски санкции на САД и ЕУ против Русија се неприфатливи, а Русија има намера да продолжи со економската соработка со Европа.

„Ние сакаме да останеме во добри односи со ЕУ и САД. Особено со ЕУ, бидејќи Евроспката унија е главен економски, инвестициски и трговски партнер на Руската Федерација. Нашата заемна економска зависност подразбира одржување на меѓусебни добри односи“, изјави Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња