До 2015 година во руската воздухопловната база на аеродромот Барановичи во Белорусија ќе биде комплетиран авио-полк со 24 авиони ловци Су-27СМ3, соопшти Виктор Бондарев, командатн на военото воздухопловство на Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Во Белорусија трајно е разместен наш одред со ловци Су-27СМ3, кој се состои од четири летала. Тој ги извршува задачите на противвоздушната одбрана на Сојузната држава Русија и Белорусија. Според планот, оваа година ќе пратиме таму уште една ескадрила, а кон крајот на годината на аеродромот Барановичи, каде се наоѓа нашата воздухопловна база, ќе пристигне нов полк ловци Су-27СМ3, вкупно 24 на број“, изјави Бондарев.
„Тие ќе бидат на борбено дежурство и ќе ја обезбедуваат противвоздушната одбрана и неприкосновеноста на воздушното пространство на Сојузната држава“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче