Повеќе од 90% од жителите на Крим ја поддржуваат одлуката за влегување во составот на Руската Федерација, пренесува „Гласот на Русија“.
Апсолутното мнозинство од анкетираните граѓани (97%) негативно ги оценуваат последиците од т..н Евромајдан, како и иницијативите на новите власти за ограничување на правата на малцинствата во Украина. 9 од 10 жители на Крим сметаат дека актуелната киевска власт е нелегитимна и имаат крајно негативно мислење за дејствата на украинските националистички организации „Десен сектор“ и „Слобода“.
Освен тоа, третина од испитаниците сметаат дека некои западни држави ја зголемуваат негативната информациска слика за Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче