Украина на 13 март поднесе во Европскиот суд за човекови права тужба против Русија, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на судот.
Жалбата е поднесена врз основа на 33 член од Европската конвенција за човекови права („меѓународни спорови“).
Украина, исто така, ги замоли руските власти да се воздржат од примена на мерки кои можат да ги загрозат животите и здравјето на цивилното население на територијата на Украина. Не се наведуваат информации за конкретна содржина на жалбата и роковите за разгледување.
Европскиот суд за човекови права, од своја страна, смета дека „сегашната ситуација претставува сериозно кршење“ на меѓународното законодавство, и апелираше на двете страни да се воздржат од воени дејства и примена на други мерки кои можат да доведат до кршење на Конвенцијата за човекови права на цивилното население.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче