Министерството за надворешни работи на Русија изјави дека Москва е подготвена да ги заштити граѓаните кои се наоѓаат во Украина, пренесува РИА „Новости“.
Во соопштението, кое на 14 март беше ставено на интернет-страницата на Министерството, се наведува дека повод за ваквата изјава е масовната тепачка во Донецк, во која една особа загина, а повеќе од десет се повредени.
Министерството овој инцидент го карактеризираше како напад на десничарските радикали, вооружени со оружје и гумени палки, врз мирните демонстранти, кои излегоа на улиците за да го „изразат својот однос кон деструктивната позиција на луѓето кои се нарекуваат 'украинска власт'“.
МНР на Русија, во врска со ова, смета дека сегашната власт во Украина во моментов не ја контролира ситуацијата во земјата. Во соопштението не се наведува какви мерки Русија може да примени за да ги заштити своите државјани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче