Русија не ја исклучува можноста за воведување реципрочни санкции во случај САД и ЕУ да преземат такви мерки, но се надева дека Западот ќе се ограничи само на политички санкции и дека нема тоа да влијае да трговско-економските односи, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Алексеј Лихачов, заменик министер за економски развој на Русија.
„Ние сме подготвени за секоја можна опција, ги разгледуваме сите варијанти. Сепак, се надеваме дека тоа ќе бидат конкретни политички санкции, а не поширок блок на трговски и економски решенија. Ние ќе постапиме реципроцитетно. Нашите санкции, соодветно, ќе бидат симетрични“, изјави Лихачов.
Претходно претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј изјави дека не ја исклучува можноста за воведување санкции кон Русија, како што забрани за издавање визи, замрзнување на активите и откажување на самитот Русија-ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче