Претставничкиот дом на американскиот конгрес ја прифати резолуцијата, според која се осудува делувањето на Руската Федерација во Украина и се бара од Белата куќа да се исклучи Русија од Г-8, а исто така, да се воведат и визни ограничувањата и економски санкции против РФ, пренесува РИА „Новости“.
Овој документ препораки доби поддршка од 402 конгресмена, додека седуммина биле против.
Конгресмените кои ја одобрија резолуцијата бараат на Крим и другите региони на Украина да се пратат набљудувачи на ОБСЕ и НАТО, и предлагаат прекин на воената соработка со Русија, вклучувајќи ја и продажбата на воена техника.
Според нивното мислење, Белата куќа треба заедно со Европа да воведе визни ограничувања и финансиски, трговски и други санкции против високи руски функционери, како и против државните банки, корпорации и агенции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче