Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата му предложи на претседателот на Русија, Владимир Путин да го отповика рускиот амбасадор од САД. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на заменикот шеф на комитетот, Владимир Џабаров.
Предлогот е мотивиран од агресивните изјави на претседателот на САД, Барак Обама. Сенаторот Јуриј Воробјов смета дека зборовите на Обама дека “Русија скапо ќе плати за својата политика“ се закана и навреда за рускиот народ.
Џабаров исто така подвлече дека документот бил подготвен од меѓународниот комитет, а потоа и потпишан од шефот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче