Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека пристигнуваат информации за подготовки на нови провокации, насочени против Црноморската флота на Русија на територијата на Украина.
„Во новите услови законски избраната власт на Крим се обрати до претседателот на Русија со молба да им се пружи помош во повторното воспоставување на мир во оваа автономна република. Обраќањето е во склад со руските закони и е упатено на Советот на Федерацијата. Советот на Федерацијата го поддржа ова барање, кое, се надеваме, ќе ги отрезни припадниците на радикалните струи. Повторувам дека се работи за заштита на нашите граѓани и државјани“, изјави Лавров.
„Тие кои се обидуваат да ја протолкуваат моменталната ситуација во Украина како некој вид агресија и се закануваат со воведување на секаков вид санкции и бојкот, се истите тие наши партнери кои упорно ги охрабруваа политичките сили кои им се блиски да поставуваат ултиматуми, го прекинуваат дијалогот, ја игнорираат загриженоста на југот и истокот на Украина, и го оневозможуваат нормалното функционирање на украинското општество“, додаде министерот за надворешни работи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче