Возможно е Киев да одлучи да ги затвори државните граници меѓу Русија и Украина, изјави првиот потпретседател на Владата на Украина, Виталиј Јарема.
„Се разгледува прашањето за затворање на државните граници и воспоставување строга контрола при преминување од страна на граѓаните на Русија“, објасни Јарема, а пренесува ИТАР-ТАСС.
Јарема изјави дека во проруските митинзи на југоистокот на Украина учествуваат лица кои се доведени од Руската Федерација. Затоа, тој смета дека е неопходно границите со Русија да се затворат „за да не се зголемува сепаратизмот во пограничните региони“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.