Како што изјави лидерот на партијата „УДАР“, Виталиј Кличко, во интервју за телевизискиот канал „1+1“, украинските политичари во моментов се обидуваат да воспостават конструктивен дијалог со Москва, поради што е создадена специјална комисија, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Ова прашање мора да го решиме по пат на консултации, а не со помош на сила или оружје“, изјави тој.
Лидерот на партијата „УДАР“ ја нарече заканата на Русија “мешање во внатрешните прашања и загрозување на територијалната целосност на земјата“.
Кличко апелираше на жителите на источна Украина и Крим, каде што живее претежно население кое зборува на руски јазик, да не наседнуваат на провокации и да не се делат по тоа со кој јазик зборуваат или на која националност и религија припаѓаат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче