Александар Турчинов, в.д. претседателот на Украина, изјави дека било какво придвижување на руските војници на Крим ќе се смета за воена агресија. Ова го пренесува „Украинска правда“.
„Им се обраќа на војниците и раководителите на руската Црноморска флота која се наоѓа на територијата на Украина. Сите војници треба да се наоѓаат во рамките на териториите кои се определени според потпишаните договори. Било какви придвижувања на војниците, со оружје или без, вон териториите кои се определени за нив, ќе бидат оценети како воена агресија“, изјави Турчинов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче