Претседателот на украинската влада, Арсениј Јацењук, во својот говор во Врховната рада ја повика Русија да изгради нови односи со Украина и да ја прекине поддршката на „сепаратистите“ и Виктор Јанукович, пренесува весникот „Взглјад“.
„Граѓани на Русија, ние сме ваши пријатели, партнери. Ние мораме да бидеме заедно“, изјави тој.
„Се надеваме дека Русија нема да го прекрши меморандумот од Будимпешта и дека во никаков случај нема да ги поддржи сепаратистите и високите функционери против кои се покренати кривични постапки“, додаде Јацењук.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче