Индија и Русија се договорија за создавање на заедничка работна група за изучување на можноста за склучување на трговски договор меѓу Њу Делхи и Царинската унија, пренесува The Economic Times.
Договорот треба да биде постигнат и потпишан за време на посетата на премиерот на Русија, Дмитриј Медведев со министерот за трговија и индустрија на Индија во Њу Делхи.
„Индија и Русија се договорија за создавање на заедничка група за изучување на можноста за склучување комплексен договор за економска соработка со државите-учеснички на Царинската унија, т.е. со Русија, Казахстан и Белорусија“, се кажува во изјавата.
Освен тоа, на средбата двете страни разговарале за реализација на приоритетните проекти, меѓу кои е и создавање на акционерски индиско-руски претпријатија за производство хеликоптери Ка-226Т.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче