МНР на Русија излезе со изјава во која изразува загриженост во врска со развојот на настаните во Украина, обидите да се наштети на правата на Русите и на другите малцинства, а исто така и стремежот на „некои западни партнери“ да ги реализираат своите сопствени амбиции за време на оваа нестабилност во земјата.
Во специјалната изјава руското министерство забележува дека и покрај Договорот од 21 февруари, ситуацијата во Украина останува нестабилна. „Екстремистите не се разоружени, одбиваат да ги напуштат улиците и градовите кои практично ги контролираат, одбиваат да ги ослободат административните згради, продолжуваат актите на насилство.“
Посебно незадоволство руските власти имаат од фактот дека редица европски политичари ја поддржаа иницијативата за спроведување претседателски избори во Украина во мај, а не после завршувањето на уставната реформа, како што беше предвидено во договорот од 21 февруари. „За да биде успешна реформата, во неа треба да учествуваат сите сили на Украина и сите региони на држава, а нејзините резултати да бидат ставени на сенароден референдум“, подвлекуваат во МНР на Русија.
Поради ова, Москва ги потсетува политичарите во Киев за неопходноста од земање предвид на мислењата на источните и западните области на Украина, Крим и Севастопол, каде доминира население кое зборува на руски јазик и многу приврзаници на Виктор Јанукович.
Исто така, Москва се сомнева во законитоста на решенијата на последните решенија на украинскиот парламент: „Повикувајќи се на практично на 'револуционерната целисходност', таму донесуваат 'решенија' и 'закони', меѓу кои и такви кои ги потиснуваат правата на Русите и другите национални малцинства кои живеат во Украина“, се вели во извештајот на МНР на Русија.
Руското МНР посветува внимание и на последните законодавни инцијативи на властите во Киев, според кои се доведува во опасност и функционирањето на рускиот јазик, се ликвидираат партии и организации, се затвораат „неприфатливи“ медиуми, се симнуваат ограничувањата за пропагандата на наонацистичката идеологија.
Извештајот на МНР на РФ се наоѓа на следнава врска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче