Легитимитетот на низа органи на власта во Украина предизвикува сомнеж, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев. Според неговите зборови, Русија е подготвена да ја обнови соработката со Украина кога во таа земја се создава современа власт заснована на уставот.
Премиерот е зачуден од тоа што некои западни земји ја прифаќаат новата структура на власта како легитимна. „Не знам какви устави тие читале, но мене ми се чини дека е во прашање некаква аберација на свеста, бидејќи тоа што е резултат на вооружена побуна не може да се нарече легитимно“, нагласи Медведев, а пренесува ИТАР-ТАСС.
Медведев исто така прецизираше дека повикувањето на рускиот амбасадор од Киев значи дека руските власти не разбираат што се случува во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.