Гаспром откри огромни резерви нафта во Сахалин

Во Јужнокиринското лежиште во Сахалин пронајдени се големи залихи нафта, јавува весникот „Ведомости“, повикувајќи се на извори од Гаспром.

Во Јужнокиринското лежиште во Сахалин пронајдени се големи залихи нафта, јавува весникот „Ведомости“, повикувајќи се на извори од Гаспром.

Дополнителните истражувања покажаа дека таму има 464 милиони тони нафта. Во претходните истражувања не беа забележани големи залихи на нафта на ова наоѓалиште.

Забележително се зголемени и достапните резерви на гас и кондензат. Резервите на гас, според првобитните податоци, изнесуваа 563 милијарди кубни метри, а сега се знае за 682 милијарди кубни метри. Тоа е повеќе од вкупната количина на произведен гас во Русија во текот на минатата година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња