На Олимпијадата во Сочи на 15 февруари се доделија медали со фрагменти од небесното тело кое падна во Челјабинск пред една година. Медалите со вградени фрагменти од метеоритот ќе бидат предадени на Олимписките комитети на земјите победнички во алпско скијање и брзо лизгање.
освен тоа, во Домот на навивачи во Сочи ќе биде изложен дел од небесното тело тешко 8 килограми.
Пред една година, на 15 февруари, метеор со пречник од околу 17 метри влезе во земјината атмосфера и се распадна на неколку делови, од кој најголемиот дел падна на територијата во Челјабинската Област. Ударниот бран ги скрши прозорците на околу 7.000 згради, а медицинска помош добија преку 1.600 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче