Иванов: Западот спроведува во Украина политика на тројни стандарди

Земјите на Западот не ја оспоруваат легитимноста на претседателот на Украина, Виктор Јанукович, но вршат огромен притисок врз легитимно избраната власт, обвинувајќи ја притоа Русија.

Земјите на Западот не ја оспоруваат легитимноста на претседателот на Украина, Виктор Јанукович, но вршат огромен притисок врз легитимно избраната власт, обвинувајќи ја притоа Русија. Може дури да се каже дека тоа не се двојни, туку тројни стандарди, изјави шефот на кабинетот на претседателот на Русија, Сергеј Иванов.

„Многумина го подигнуваат својот глас и ја обвинуваат Русија поради мешање во внатрешните работи на Украина, но уште не сум чул да наведат барем еден факт кој тоа го докажува“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на Иванов.

Од друга страна, оцените на руските власти за притисокот на Западот врз Украина се засновани исклучително врз факти, а не на пропаганда, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.