Американскиот амбасадор во Русија, Мајкл Мекфол, изјави дека заминува од Москва со чувство на завршени обврски.
„Наскоро ќе започнам со работа на Стенфордскиот универзитет. Но дел од мене, како на емоционален, така и на интелектуален и духовен план - секогаш ќе остане во Русија. Така беше и пред да стапам на оваа служба“, напиша Мекфол на својот блог.
„Јас ќе работам на некои проекти за претседателот Барак Обама и неговата администрација и ќе барам начини да допринесам во зацврстувањето на врските на деловните кругови и граѓанското општество меѓу САД и Русија“, изјави амбасадорот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче