Русија забележува прогрес во преговорите меѓу Белград и Приштина, меѓутоа, исто така забележува и тешкотии со кои редовно се соочуваат граѓаните на Србија и Косово. Лавров ова го изјави во интервју за весникот „Политика“. Според неговите зборови, Русија се согласува со секое решение кое ќе ѝ одговара на Србија, меѓутоа напредокот не би требало да биде „причина за самозадоволство на меѓународната заедница“. Шефот на руската дипломатија изјави дека Москва е подготвена и понатаму да соработува со Белград во решавањето на косовското прашање, тргнувајќи од тоа дека српската страна сама одлучува кои се нејзините приоритети во работата врз тој проблем.
Сергеј Лавров нагласи дека и понатаму постои опасност за објектите од културното, духовното и културното наследство во покраината и истакна дека треба на најсовесен начин да се истражат случаите за трговија со човечки органи. „Вознемиреност предизвикува и незаконската трговија со оружје и наркотици. Остануваат и други закани, вклучувајќи ги и територијалните“, додаде министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче