Бјорн дон Сјудов, член на Европскиот парламент, поранешен министер за одбрана на Шведска, ги прокоментира резултатите од самитот меѓу Русија и ЕУ.
„Се плашам дека во моментов односите меѓу ЕУ и владата во Москва се во застој. Никаква иницијатива не е преземена ниту од една страна, што значи дека треба да се работи во тој правец. Секако дека соработката, кога во прашање се нафтата и гасот, треба да продолжи, но дојде до затишје во политичките области. Мене тоа не ми се допаѓа и мислам дека владите на некои земји од Еу исто така не се задоволни со таквата ситуација. Во овој момент меѓу двете страни има малку доверба и промени на ситуацијата не се гледаат на хоризонтот.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче