Руската група „Тату“, позната по скандалите во јавноста, ќе учествува во церемонијата на отворање на зимските Олимписки игри во Сочи, која треба да се одржи на 7 февруари.
„Наскоро Јулија и Лена ќе заминат во Сочи каде ќе одржат генерална проба за отворањето на спектаклот“, се кажува во соопштение на официјалната страница на оваа група во една од социјалните мрежи.
Дуетот „Тату“ е основан во 1999 година, а се распадна во 2009. Досега „Тату“ настапуваа и на Евровизија во 2003, каде го освоија третото место.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче