Верувале или не, производството на вотка и пиво во Русија паѓа

Во 2013 година производството на вотка во Русија се намалило за 12,3%, а на пиво - за 5,8%.

Производството на вотка во Русија се намалува, но тоа не значи дека Русите прекинуваат да пијат. Тие преминуваат на други видови алкохол поради зголемување на акцизите на овој вид производ.

Многумина користат и домашно направен алкохол. Пазарот на легална алкохолна продукција во Русија во 2013 година се намали. Според податоците на рускиот Завод за статистика, производството на коњак од 2012 година досега паднало за 23,9%, на вотка за 12,3%, на пиво за 8,5%, вино - за 7,7%.

„Такво интензивно зголемување на ставките на акцизите досега немало за целата историја на постоењето на пазарот на вотка“, изјави Дмитриј Добров, претседател на Сојузот на произведувачи на алкохолни производи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.