Тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач од Северната флота на Русија, „Петар Велики“ учествуваше во обезбедувањето на транспортот на сириското хемиско оружје. Оваа акција е спроведена заедно со воените бродови на Кина, Данска и Норвешка, соопштено е во Министерството за одбрана на Русија.
Бродовите во одредени сектори го обезбедувале конвојот со специјалните бродови „Арк Футура“ и „Таико“.
Штабот кој ги координира дејствата на бродовите во текот на обезбедувањето се наоѓа на „Петар Велики“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.