Русија спрема три вселенски апарати за лет на Месечината, соопшти Интерфакс повикувајќи се на Лав Зељони, потпретседател на Руската академија на науки и директор на нејзиниот Институт за вселенски истражувања.
„Веќе се спроведува првата етапа од нашата „Програма за Месечината“. Се финансираат работи кон креирање на првите три вселенски апарати: „Луна 25“, „Луна 26“и „Луна 27““, рекол академикот, додавајќи дека лансирањето на „Луна 25“ се очекува 2016, додека „Луна 26“ и „Луна 27“ ќе полетаат кон Месечината во 2018 и 2019 година.
Според зборовите на Зељони, „Луна 25“ и „Луна 27“ треба да атерираат на површината на Месечината и да извршат циклус на истражувања, а „Луна 26“ ќе биде во орбитата на Земјиниот природен сателит од каде што ќе врши далечинско сондирање и ќе врши функција на предавател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче