Дефицитот на рускиот буџет во 2014 година ќе изнесува од 0,6 до 0,7% од БДП, пренесува РИА Новости.
Ова го изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.
Според законот за буџетот, дефицитот на рускиот буџет во 2014 година ќе изнесува 390 милијарди рубљи, што е 0,5% од БДП.
„Годинава дефицитот на буџетот ќе изнесува 0,6-0,7% од БДП, и сметаме дека ќе го покриеме без измени во кредитната политика“. изјави Силуанов.
Тој исто така забележа дека „никој нема да го балансира буџетот по пат на ослабување на рубљата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче