Русија, САД и ООН создаваат план за размена на воени заробеници во Сирија

Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Русија, САД и ООН создаваат план за размена на заробеници меѓу владата и опозицијата во Сирија, соопштува РИА Новости.

Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Русија, САД и ООН создаваат план за размена на заробеници меѓу владата и опозицијата во Сирија, соопштува РИА Новости.

Ваквата изјава министерот ја направи после првиот ден од меѓународната конференција „Женева-2“.

„Заедно со американските колеги работиме на деталите на таквиот можен чекор“, забележа Лавров.

Според зборовите на министерот, ако се случи ваква размена, тоа ќе помогне да се засили довербата меѓу владата и опозицијата во Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња