Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров смета дека нередите во Киев се поттикнати од странство, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
Според неговото мислење, делувањето на опозицијата во Киев е кршење на сите европски норми.
„Заземени се зградите на градската и републичката влада и во нив неколку недели се наоѓаат вооружени лица. Замислете такво нешто да се случеше во било која од земјите на Европската унија. Дали е тоа воопшто можно? Тие тоа никогаш не би го дозволиле“, истакна министерот.
Лавров исто така изрази подготвеност Москва да посредува во регулирањето на политичката криза во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче