Медиуми: Одговорноста за експлозијата во Волгоград ја презедоа исламисти од Ирак

Одговорноста за терористичките напади кон крајот од минатата година во Волгоград ја презедоа терористите од исламистичката група „Ансал ел Суна“, соопштуваат водечките руски медиуми.

Одговорноста за терористичките напади кон крајот од минатата година во Волгоград ја презедоа терористите од исламистичката група „Ансал ел Суна“, соопштуваат водечките руски медиуми.

Текстот на изјавата на терористите е поставен на неколку исламски сајтови, а видео-обраќањето е објавено на You Tube.

Авторите на видео-обраќањето тврдат дека нападите се извршени по налог на Доку Умаров, кој претходно го укинал мораториумот на диверзии. Терористите најавија нови терористички напади во Северен Кавказ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња