Руска делегација, предводена од Константин Долгов, дипломат од МНР задолжен за човековите права, ќе го посети специјалниот затвор во САД во воената база Гвантанамо. Целта на ова патување е средба со рускиот државјанин Равил Мингазов.
„Сакаме да видиме во какви услови се наоѓа Мингазов. Очигледно е дека постои грубо непочитување на неговите права“, изјави Долгов. „Нему, како и на другите затвореници во Гвантанамо, им е оневозможен праведен суд“.
Мингазов се наоѓа во Гвантанамо уште од 2002 година. Уапсен е во куќа на Пакистанец за кој Американците тврдат дека работи со Ал Каеда.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.