Оваа година ќе биде мирна - нема вселенски тела кои можат да бидат опасност за Земјата. Ова го изјавија експертите од Министерството за вонредни состојби на Русија. Ниту еден откриен астероид досега нема да пролета блиску до планетата во 2014 година. Ова се однесува на крупните небески тела кои можат да бидат споредени со големината на метеорот од Челјабинск.
Меѓутоа, тешко е да се предвиде падот на астероидите. Според зборовите на научниците, можно е да се пронајде метеор кој се приближува кон Земјата максимум два часа пред неговиот пад. И тоа само во случај астрономите да го набљудуваат тој дел од небесниот свод.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче