Украина би требало да го разгледа прашањето за воведување визен режим на источната граница. Ова за украинските медиуми го изјави народниот пратеник на партијата „Слобода“, Игор Мирошниченко.
Овој политичар смета дека воведувањето на безвизен режим со ЕУ не е можно без затворање на источните граници.
„Земајќи ги предвид последните терористички напади во Русија, сметам дека треба одлучно, брзо и неодложно да се разгледаат варијантите за воведување визен режим на источните граници“, нагласи Мирошниченко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче