Крим основано повикува на меѓународен преседан во врска со искуството на Косово

Прогласувањето независност на Косово укинува било какви правни претензии кон Врховниот Совет на Крим, кој ја усвои декларацијата за независност на републиката од Украина и има намера да влезе во составот на Русија.

Таквото мислење го изјави претставникот на комитетот во Советот на Федерацијата за меѓународни односи, Михаил Маргелот, а пренесува „Гласот на Русија“. Сенаторот е убеден дека Врховниот Совет на Крим основано повикува на меѓународен преседан поврзан со искуството на Косово. Тој потсети дека на 17 февруари 2008 година парламентот на покраината еднострано прогласи независност од Србија. Тоа значи дека Симферопол не треба да добива согласност од Киев за референдумот и за приклучување кон Русија, објасни Маргелов. Тој, исто така, забележа дека косовскиот преседан бил планиран и одобрен од Западот, така што „духот од ламбата за самоопределување на нациите во Европа не е пуштен од Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња