Претседателот Путин пристигнал во Волгоград

Претседателот на Русија, Владимир Путин пристигнал во Волгоград каде што на крајот од минатата година беа изведени два бомбашки напади во кои што беа убиени 34 луѓе.

Путин ќе разговара со шефот на Федералната служба на безбедност Александар Бортников и министерот за внатрешни работи Владимир Колоколцев за зголемување на безбедноста на целата територија на Русија.

По советувањето во локалната администрација, претседателот ја посетил една од болниците каде што се наоѓаат ранетите во терористичкиот напад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња